Мишел Барние: Велика Британија мора да почне сериозно да преговара
Шефот на делегацијата на ЕУ на преговорите за Брегзит, Мишел Барние изјави во Брисел дека Велика Британија мора да ги определи своите позиции и да престане со двосмислености, доколку сака сериозни разговори за своето повлекување од членството во Унијата.
Барние одново предупредува дека времето забрзано истекува кон крајниот рок, за преговорите, определен според членот 50 од Лисабонската спогодба.
Францускиот дипломат и поранешен еврокомесар, бара од шефот на британската делегација во преговорите, министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, да биде „поотворен“ кога станува збор за прашањето околу сметките при раздружувањето, за што мора да има договор, пред да може да се расправа за идните односи меѓу ЕУ и Британија и за спогодбата околу периодот на транзиција .
- Сите 27 членки на ЕУ , како и Европскиот Парламент се обединети околу тоа да не се прифатат никакви одделни прашања доколку не се изнесат онака како што е тоа потребно, изјави Мишел Барние.
Преговарачкиот тим на ЕУ инсистира, прво да се договорат главните прашања предвидени со дневниот ред, како сметката што Британија треба да ја плати за „разводот“ од Унијата, за правата на европските државјани кои сега се на британска територија и на Британците во земите од ЕУ, како и границата на Северна Ирска со Репубика Ирска, па дури потоа да се зборува за идните односи, за договор за слободна трговија или за годините на транзцијата, по март 2019 година кога Британците треба да се повлечат.
Официјален Лондон, од своја страна, од почетокот сака преговорите за двата пакета да се водат паралелно, што никој во ЕУ не прифаќа.
Во понеделникот почна и третата рудна од преговорите, која ќе трае до четврток а во неа британската страна во преговорите бара од Брисел „поголема флексибилност и имагинација“.
Според британскиот министер за Брегзит Дејвис, сите досега објавени владини документи околу напуштањето на ЕУ прецизно ги прикажуваат позициите на Лондон за преговарачкиот процес.
Реакцијата на Барние покажува дека во Брисел на овие документи се гледа само како на политичка платформа, наменета за домашната политичка сцена, каде владата на Тереза Меј исто така се критикува за „импровизирање“ со преговорите.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево