Мисајловски: За два месеца 6.000 вработени административци, само 536 во „Македонски шуми“
Со денешната прес конференција сакам да предупредам на навистина загрижувачка појава на континуирано и оркестрирано уништување на државните институции.
Имено во изминативе неколку години, а со исклучително засилено темпо во изминатите неколку месеци се случува процес на оптоварување на државните институции со огромен број на нови вработувања, што се извор и жариште на нов непотизам спороведуван од власта.
Сето ова е смислено сценарио, но и аларм со кој власта купува внатрешен мир и тоа кај нивните незадоволни членови, но за сите останати граѓани ќе значи нов финансиски товар и превработени институции.
Едноставно ова може да се толкува како отворен поткуп на гласови во пресрет на изборите со државни пари.
За ова што говорам сведочат и следниве факти:
Само во последните два месеци, откако е договорен датумот за избори, 12-ти април, во администрацијата на сите нивоа во државата се вработени преку 6.000 нови административци. Над 6.000 луѓе само во ноември и декември, без огласите распишани овој месец.
Овој месец е распишан оглас за 536 нови работни позиции во Македонски шуми!
Во само неколку дена, од 20-ти јануари до сега, ова претпријатие распишува три огласи со кус рок и одеднаш вработува, внимавајте 536 лица!
Петстотини триесет и шест лица се бараат и времено да се вработуваат во претпријатие кое мака мачи да ги подмири трошоците и да исплати плати на своите вработени.
Претходно имаше огласи за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ,во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија.
Ова е игра со граѓаните, игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои се во незавидна положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат вработени и трајно доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција.
Ова е класична корупција, но и партизација, политизација на администрацијата, за што укажува и Европската комисија во своите препораки.
Ова е скандал за којшто институциите мора да реагираат. Државната антикорупциска комисија мора да реагира и да ги сопре овие прекршувања на изборниот процес. Ова е поткуп на гласачите. Тука има директно влијание врз граѓанинот – поединец.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“