Македонија
6. August 2021 - 13:29

Мисајловски: Власта е на одмор додека Македонија гори

Македонија се соочува со огромна катастрофа. Пожарите загрозуваат села и градови, загрозуваат животи и имот на граѓаните, уништија илјадници хектари шуми, а власта никаде ја нема.

Македонија гори, прогласија кризна состојба и ги снема.

Го оставија народот сам на себе. Граѓани со лопати и кофи гасат пожари, мака мачи да си го заштити животот и имотот, да ја спаси Македонија, кој со што може и има.  

Неспособноста и неодговорноста на власта се гледа на секој чекор.

Едноставно затаи системот на заштита, бидејќи доколку имаше навремена системска реакција, пожарите немаше да ескалираат.

И три дена нема ни трага ни глас од Заев. Тој е првоодговорен за состојбите. Не може неговиот одмор да биде поважен од животот на граѓаните. Тој и сите функционери се платени од парите на граѓаните, истите оние кои што сега се борат за жживот и молат за помош.

Прогласија кризна состојба и ги снема.

Почитувани граѓани,

Особено вие од Пехчево, Кочани, Кумановско, Прилепско и секаде онаму кај што се соочувате со катаклизмичките огнени стихии кои ги голтаа вашите ниви, шуми, пасишта, фарми, куќи и други добра, наша и ваша обврска како граѓани во отсуство на власт е самите да си помогнеме и да им помогнеме на пожарникарите од другите земји кои дојдоа да ги гасат пожарите.

ВМРО-ДПМНЕ целосно е посветена и се става на располагање пред потребите на граѓаните, на пожарникарите, на располагање на сите институции, за се што е потребно. Не е време за политиканство.

Додека власта е на одмор, додека Македонија гори, народот и пожарникарите се хероите коишто ќе ја спасат оваа држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ