Мисајловски: Власта да не се обидува да го затскрива случајот со ракометарот Тот
Не што не смее да се прикрива убиство, туку и секој оној што направи било каков злочин треба да одговара, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во неговото вечерашно гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, во запрашан за немилиот настан, односно насилната смрт на хрватскиот ракометар на РК Бутел, Денис Тот.
Тој ги повика и невладините организации, кои во меѓувреме сите станале на некој начин владини, да реагираат и да бидат гласни како и за други вакви немили случаи од минатото, при што додаде дека граѓаните со право ни им веруваат на институциите затоа што во последните неколку дена од разни институции слушаат различни информации.
„Јас ги повикувам невладините кои што беа порано многу гласни, сега некако настанаа сите владини, не знам можеби реагирале, ги поздравувам ако реагирале, но што е проблемот, зошто граѓаните не веруваат во институциите и вие само што кажавте еден куп различни информации и вести до многу портали, од многу медиуми, а впрочем и самите институции дадоа различни гледишта на тоа што се случило вечерта. На почеток немало насилство, потоа имало насилство, потоа имало некоја снимка и така натаму, но јас апелирам да има разрешница, мора да има брза разрешница, а не некој, можеби од политиката да се вмешува и во вакви случаеви, бидејќи навистина има загубен живот“, рече Мисајловски.
Мисајловски ја поздрави иницијативата на министерството за здравство за вонреден инспекциски надзор со цел да се испита третманот на ракометарот во скопските клиники и ги повика институциите да не го затскриваат и брзо да го разрешат настанот, затоа што има и снимки од кои може лесно да се увиди што се случило и кој се замешан во претепувањето до смрт на ракометарот.
„Mинистерството за здравство, бидејќи кажа дека ќе пушти вонредна контрола, еве го поздравувам тоа, нека се види што се случило. Граѓаните не можат да веруваат затоа што првин излегуваат со една информација дека се случило грозоморен чин, а потоа од КАРИЛ да излезат и да кажат дека немало насилство, а сега са слушаме дека имало удар во главата и така натаму. Но еден од луѓето, како што слушнав е пребегнат, тоа е проблем на институциите и на системот. Имало камери, имало снимки, може многу добро од тој настан да се види што се случило, затоа ги повикувам институциите да не пробаат ништо да затскријат“, истакна Мисајловски.
Тој истакна дека е битно кој каков и чиј партиски активист е ако се огрешил пред законот мора да одговара
„Ако згрешил некој, чива партија нека биде ќе си одговара. Дали бил на ВМРО, дали бил на некоја друга партија активист, овој човек не го познавам воопшто не ни сакам да го познавам, кој и да згрешил мора да одговара и тоа е систем и така треба да се водат институциите. Но СДСМ пробаа на некој друг начин да ја префрлат топката со разни соопштенија и тоа го прават за некоја нивна ПР победа. Вчера им се случува Генералниот секретар на Влада да заврши во затвор, па сакаат да го одвлечат вниманието“, посочи Мисајловски.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
