Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека оваа Влада конечно го решила прашањето со стaтусот на професионални војници откако ќе навршат 45 години старост. Појасни дека тие можат да изберат дали ќе останат во Армијата, дали би сакале да преминат во друга државна институција или пак да заминат со отпремнина. Мислајловски истакна дека неговата порака како министер е дека на секој еден припадник на Армијата местото му е таму до остварувањето на правото на пензија.
-На седница на Влада ја усвоивме оваа реформа, која многу години, децении, ја бараа професионалните војници. Оваа реформа предвидува нова можност, предвидува секој еден професионален војник кој ќе наврши 45 години да добие уште една можност што следува согласно закон. Зошто оваа рефеорма е посебна? Секој еден војник, кога ќе наврши 45 години, има можност да избере дали сака да земе отпремнина, која отприлика се движи од 30 до 40.000 евра, може да заминат во некоја институција во државата, но и да остане во Армијата - нагласи Мисајловски во одговор на пратеничко прашање.
Тој, како што рече, е особено горд на фактот што многу од војниците кои претходно се изјасниле дека сакаат да заминат од Армијата со отпремнина, го промениле своето мислење и се изјасниле дека сакаат да останат во Армијата.
- Мојата порака кон секој еден во Армијата, особено кон професионалните војници е дека секој еден местото е во Армијата. Во минатото немаше доволно можност, не можеа сите да бидат во подрачните единици во Министерството. И натаму ќе можат да бидат во тие подрачни единици, но, со формацијата сега правиме доволно место за секој еден да може да биде вработен на различни позиции, во разните единици. Јас затоа велам оваа реформа е нова можност и секој еден што ќе сака ќе може да ја искористи, Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука - рече Мисајловски одговарајќи на прашањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов.
Пратеникот побара појаснување на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
