Мисајловски: Нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја
Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои Општина Гази Баба.
Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при означувањето на почетокот на реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ.
- Како Влада посветено работевме да ги подобриме сите услови во поплавените подрачја и за тоа направивме неколку крупни чекори. Пред се, обезбедивме дополнителни три милиони евра директно од Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта за подобрување на локалната патна мрежа, а воедно и го сменивме Законот за да може „Македонија пат“ директно да се вклучи во изградбата на сите локални патишта во местата зафатени со поплавите.
Ново на Сител
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски