Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа Информација за потребата на доделување на Амандаман број 2 на Договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на Договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала „STRYKER“ MK‑B‑UCE, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски при образложувањето на Информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.
-Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот Страјкер со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и да се направи целосна обука за она што се прави сега што стигаат. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат, рече Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
