Мисајловски: Ги повикувам сите на протест на 18 јуни, да пратиме порака за предвремени избори и ДУИ и СДСМ да паднат
Не се работи дали треба да биде порано или покасно протестот. Јас ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат разочарани од сите политики изминативе години, што гледаат што се случува. Нека дојдат сите граѓани, да види колку е народот незадоволен од власта, да се покаже потребата од предвремени избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Тема на денот“ на Сител телевизија говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни.
Мисајловски истакна дека сите анкети покажуваат дека мнозинството од народот сака промени и дека државата со оваа власт оди во погрешна насока.
- На последните анкети околу 70% од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, а тоа што е најпоразително многу млади и граѓани сакаат да ја напуштат Македонија. Најголеми проблеми гледаат во економијата, во тоа што се случува во политиката и општеството. Затоа потребно е што побрзо да има предвремени парламентарни избори да се смени оваа мафијашка власт за да може да има развој на оваа држава, рече Мисајловски.
Во врска со изјавата на Пендаровски дека не било време за избори бидејќи немало да се смени ништо, Мисајловски истакна дека и не се очекува дека Пендаровски ќе каже дека неговите треба да си заминат и потенцираше дека избори ќе донесат власт која ќе работи за добро на граѓаните.
- Тие велат секаде има криза и тоа е тоа. Треба да се менаџира таа криза и сите ефекти да бидат помали. Пендаровски сам кажа дека знаеле дека ќе има конфликт, но ништо не презеле. Неспособност на владата и тоа што го прави, затоа е огорчен народот. А дали ќе се смени нешто, да многу ќе се смени, ќе дојде влада што сака да работи. Овие ги интересира само како да се наполнат со пари, како да имаат тендери и да имаат моќ и власт, рече Мисајловски.
Во врска со можно коалицирање со ДУИ, Мисајловски истакна дека целта е СДСМ и ДУИ да паднат заедно.
- Ние размислуваме како да имаме поголем развој, се што правиме е внимателно, понудивме рака на владата 4 пакети, разговараме со албанска опозиција и имаме веќе коалиција во општините, и не гледаме простор за ДУИ да биде во било каква коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Сакаме да ги турнеме заедно, ДУИ е најголем товар во власта, ДУИ ја води државата во овој момент и треба да заминат, истакна Мисајловски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
