Мисајловски: 80.000 потписи за една недела, да ставиме крај на политичкиот попис
Пред се сакам да истакнам дека сум премногу задоволен и премногу благодарен на многу македонски граѓани што ни дадоа потпис. Зборувам оној потпис на овие штандови за оној фалсификат попис. Сакам да најавам дека преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит.
Денеска тука во Ѓорче Петров, повторно сме на терен заедно со претседателот на Општинскиот Комитет секако и пратеник Бојан Стојаноски, со Дафина Стојаноска пратеничката, и со претседателот на Градскиот Комитет на Скопје Владимир Нелоски, и со многу луѓе што ни се приклучуваат на оваа акција за еден куп потписи да собереме, за да ни дадат поддршка на нас пратениците да го бутнеме овој фалсификат попис.
И затоа уште еднаш ќе кажам 80.000 потписи за една недела е навистина еден добар ветер во грб за сите нас пратеници. Се разбира потоа ние ќе го доставиме овој закон и во Собранието и ќе се надеваме се разбира да има слух оваа власт, да не тера со главата во ѕид.
Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.
Насекаде во Македонија се чувствува оваа атмосфера и се чувствува расположението дека сакаат промени во власта. Видовте вие што се случува со овој попис, пред неколку дена општинските организации или како да се нарекуваат оние на СДСМ почнаа да ставаат огласи за попишувачи. Ова значи дека не е статистичка операција, ова е сепак политичка операција што ја тера власта со оние во нивната коалиција. И на крај бројките ќе бидат да речам фингирани.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
