Мировна конференција за Блискиот Исток во Париз
Со учество на претставници на над 70 држави и меѓународни организации, денеска во Париз ќе се одржи Мировната конференција за Блискиот Исток, посветена на решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Како што јави ДПА, според предлог-завршната декларација од собирот, учесниците на Конференцијата ќе повикаат на решавање на конфликтот според моделот за создавање „на две држави, Израел и Палестина, кои ќе живеат една покрај друга во мир и безбедност“.
Се очекува учесниците на Конференцијата да го следат примерот на Генералното собрание на ОН, и да ја осудат понатамошната изградба на нови еврејски доселенички населби на „окупираните територии“ на Западниот Брег и во источниот дел на Ерусалим.
Интересно е што на самата Конференција нема да има претставници на двете страни инволвирани во конфликтот, поради што повеќето аналитичари на собирот му даваат симболччно значање во услови на зголемени тензии меѓи Израел и Палестинците, поради продолжувањето на изградбата на еврејски доселенички населби на Западниот брег и зачестените палестински напади врз Израелци,
Конференцијата е во рамки на иницијатива што ја покрена Франција минатата година за мобилизирање на напорите на меѓународната заедница за обнова на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, прекинати пред две години.
Собирот се одржува на пет дена пред стапувањето на должност на новиот американски претседател Доналд Трамп, кој во текот на предизворната кампања манифестираше нагласени произраелски ставови, па дури и најави преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
Според Резолуцијата на ОН од 1948 години за создавање на Израелската Држава, за нејзин главен град е одреден Тел Авив, каде што и се наоѓаат дипломатските претставништва на сите странски држави во земјата, додека Израел подоцна за своја престолнина го прогласи Ерусалим.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот