-->
-->
Миротиќ за секоја реализирана тројка ќе донира 500 евра за семејство во Вуковар
-->

Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Никола Миротиќ започна голема хуманитарна акција во која ќе биде главен актер во следните 20 натпревари.
Шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло, за време на божиќните празници за секоја реализирана тројка ќе донира 500 евра за семејството Варга, кое живее во близина на Вуковар и кое има финансиски проблеми.
Миротиќ е еден од најдобрите „тројкаши“ во најсилната лига во светот оваа сезона и сите собрани средства ќе одат за да се купи дом за татко, кој сам одгледува шест деца.
– Во пресрет на претстојните божиќни празници, сакам да ги израдувам оние на кои тоа им е најпотребно. Поради оваа причина, за секоја постигната тројка во следните натпревари ќе донирам по 500 евра, кои ќе бидат искористени за купување куќа за самохраниот татко Радослав, кој сам одгледува шест деца. На сите нека ви е благословен почетокот на постот и претстојните најрадосни празници, напиша Миротиќ на Инстаграм.
Црногорскиот кошаркар дава во просек по 2,7 тројки по натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти
-

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра
-

Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија
-

Нејмар успешно опериран
-

Реал лидер според заработката од телевизиски права
-

Зеленски очекува Русија да изврши големи напади по Божик
-

Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина
-

Ким и неговата ќерка отвораа хотели
