Живот
14. November 2018 - 14:59

Мирно шеташе по тротоарот, кога и се отвори бездна: Жена падна во дупка која наеднаш се отвори

Една Кинеска имаше голема среќа штом остана жива кога тротоарот едноставно исчезна пред нејзините нозе.

Дупката која наеднаш се отвори беше длабока околу 3 метри и исто толку широка.

Жената шетала по тротоарот, кога земјата се урнала.

Минувачите веднаш не можеле да ја извлечат, па донеле јаже.

Одведена е во болница каде е констатирано дека има фрактури на ребрата.

Kurir.rs/Mirror