Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа
Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит.
Над 500 лица, според локалните медиуми, протестираа вчера во центарот на Солун против Договорот од Преспа. Со транспарент и порака „Ципрас, предавнику, дај си оставка“, со слогани против владата и дека Македонија е грчка и со грчки знамиња, Грците во Солун се собраа пред споменикот на Александар Велики продолжија со марш по улиците, а поминаа и пред канцелариите на СИРИЗА и Независни Грци.
Слично како и во Солун, под силни безбедносни мерки и со речиси идентични пораки до владата во однос на Договорот од Преспа, вчера се протестираше и на грчкиот остров Крит. Демонстрантите извикуваа „Македонија е грчка“ и со огромно грчко знаме маршираа по улиците на градот Хања.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, преку социјалните мрежи за денес е закажан нов протест во Солун, но и во Вергина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима