-->
-->
Миркуловски - Мојсовски: Заслуживме вакво простување од репрезентацијата
-->
По големата победа над Чешка (34:27) и изборениот пласман на Светското првенство во Франција разбирлива беше големата радост во нашиот табор, а дополнително задоволството беше уште поголемо бидејќи репрезентативците Филип Миркуловски и Наумче Мојовски со победа и со изборен пласман на ракометниот Мундијал се простија од репрезентативниот дрес.
- Честитки до играчите. Ова беше нивни натпревар, едноставно летаа по теренот и кога беа повредени сакаа да се вратат да играат. Постигнавме голема победа. Комплетната заслуга е нивна. Голема благодарност и до извонредната публика, изјави селекторот Лино Червар на прес конференцијата.
Овој натпревар имаше многу симболика првиот гол го постигна Миркуловски, а последниот Мојсовски.
- Благодарност до сите. Имавме малер кој траеше долго. Но мислам дека јас и „Жути“ (Миркуловски) заслуживме вака да се простиме од репрезентативниот дрес. Се надевам дека и генерацијата што ќе дојде ќе го продолжи овој наш континуитет, изјави Мојсовски.
За Миркуловски нема дилеми дека ова е последен натпревар за Македонија, иако е нешто помлад од Мојсовски.
- Голема благодарност до сите. Оваа приказна има „хепиенд“. Голема беше желбата за победа и задоволен сум што успеавме и што изборивме пласман на Светското првенство, истакна Миркуловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија