-->
-->
Мирјана безмилосно ги мачеше Стевани, Џоле и Горан додека ја молеа да престане
-->

Џоле, Стефани и Горан беа споени на електроди кои ги имаа на чело, раце и нозе. Одговараа на разни прашања од биологија до физика.
За секој погрешен одговор станарите добиваа струен шок, Големиот Брат напомена на "Тесла" тимот дека се работи и за јачина до 700 волти.
Мораа да глумат дека "терапијата" ги боли се со цел "Тесла" тимот да прекине.
- Кој и да го прави ова, морате да знаете дека боли, немојте да се играте со ова - викаше Џоле.
Тимот Тесла ги шокираше останатите станари до деветото прашање, поради кое Стефани, Горан и Џоле сфатија дека не им е грижа за другите луѓе. Тие очекуваа да престанат многу порано, иако не се физички повредени, но не се среќни поради тоа што сфатија колку Дарко, Зорица и Мирјана се сурови.
Кога на сето ова дојде крај, Зорица беше посебно загрижена и вознемирана, бидејќи експериментот ги тестираше нив тројца. За време на разговорот во исповедалницата таа не изговори ни збор, додека Мирјана уште еднаш кажа дека "сака да се игра најмногу".
Зорица подоцна отиде во пушалницата и вознемирена ја обвини Мирјана за се бидејќи само таа сакала да оди до крај. Изјави дека ја боли срцето и дека не се чуствува добро.
- Викав Мирјана престани - рече Зорица додека раскажуваше на Тина и Барбара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија