Минусни температури утрово, најстудено на Попова Шапка
На Попова Шапка во 7 часот се измерени 12 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово има во целата земја: во Берово -10, -8 во Маврово, -7 во Крушево, -6 во Kрива Паланка и Струмица, -5 се измерени во Претор, Штип и Куманово, 4 степени под нула во Прилеп, Демир Капија, Виница и Дојран, -3 во Скопје-Петровец и Гевгелија, -2 во Охрид, Битола и Скопје-Зајчев Рид и -1 степен во Тетово.
На Попова Шапка има и највисока снежна покривка, 45 сантиметри. Во Крушево има 36 см снег, 30 во Маврови Анови и три сантиметри во Лазарополе.
-Утрово во источните делови е претежно ведро, а во западните малку до умерено облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
