Миноски: Законската постапка за издавање на еврообврзницата е целосно испочитувана

Законската постапка за издавање на еврообврзницата е целосно испочитувана, а голем дел од средствата, околу 180 милиони евра, ќе се користат за отплата на доспеаните обврски во декември 2016 година, рече денеска министерот за финансии Кирил Миноски, реплицирајќи му на пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ во расправата за ребалансот на Буџетот.
На македонските граѓани, потенцира Миноски, треба да им се каже вистината, дека е неопходно Македонија да се задолжува и да користи различни инструменти за задолжување, еврообврзница, кредити,...
- Задолжувањето ќе продолжи и во наредниот временски период, подвлече министерот.
СДСМ многу добро знае, рече Миноски, дека постапката за издавање на еврообврзницата е во целост испочитувана, но намерно ги искривува фактите.
- Најнапред има усогласување на правно мислење, а по завршување на трансакцијата следи потпишување на сите документи од страна на министерот за правда. И при издавањето на последната еврообврзница го имаме идентичниот случај кога прајсингот се спроведува на 25 ноември, а потпишувањето на согласноста на министерот за правда, на 1 декември. Тоа ги демантира шпекулациите дека не е почитувана законската постапка, нагласи Миноски.
Во однос на каматната стапка, додаде, со оглед дека Македонија се соочува со политичка криза, цената на еврообврзницата расте и е зголемена за 1,7 проценти.
Репликата ја испровоцира пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов кој во расправата се изјасни против ребалансот на Буџетот и предложи тој да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, како што напомена, е незаконски издадена.
На ваквото тврдење реагираше и Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи му на Николов дека ако неговата партија воопшто имала чувство и срам, немала да присуствува на седницата за Буџетот зашто сите негативни последици по македонската економија, како што посочи, се заслуга на СДСМ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
