Министрите за внатрешни работи на ЕУ постигнаа напредок во усогласување на мерките за справување со миграциски кризи
– Министрите за внатрешни работи на ЕУ направија чекор напред кон усогласувањето на Пактот за миграција и азил на Унијата, постигнувајќи напредок во прецизирањето на мерките насочени кон ефикасно справување со вонредни миграциски кризи, информира шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
– Се надеваме дека пред крајот на овој месец ќе го имаме ставот на Советот на ЕУ и ќе можеме да ги започнеме и преговорите за регулативата за кризи. Работиме на тоа и тоа е наш приоритет, изјави Гранде-Марласка на дводневниот неформален состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ, што вчера и денеска се одржува во шпанскиот град Логроњо.
Тој информира дека министирите разговарале за потребата од унапредување на Регулативата за управување со кризи, како дел од Пактот за миграција и азил, што шпанското претседателство има за цел да биде донесен пред изборите за новиот состав на Европскиот парламент следниот јуни.
– Имаме консензус дека мора да дејствуваме на економските текови кои го потхрануваат организираниот криминал, за да се прекине неговата активност, додаде Гранде-Марласка.
На зедничката прес-конференција со Гранде-Марласка, европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон апелираше на отворен пристап во усогласувањето на документот.
– Да не западнеме во брзање и итност поради густиот распоред, но и да не застанеме ниту една минута за да договориме пакт, кој ќе биде неопходен и суштински, додаде Јохансон.
На средбата во Логроњо станало збор и за промовирање на мерки со кои би се избегнале кризи и загуби на животи на мигрантските рути.
Покрај за проблемот со миграцијата, министрите разговарале и за зајакнување на меѓународната соработка во борбата против шверцот на дрога, безбедноста во дигиталната сфера, безбедносниот дијалог со земјите од Латинска Америка, како и за влијанието на ситуацијата во Украина врз европската сигурност, при што е повторена посветеноста и солидарноста на земјите членки и на ЕУ со Киев и украинскиот народ.
Во тој контекст еврокомесарката Јохансон најави дека ќе предложи продолжување на Директивата за привремена заштита, што важи за бегалците од Украина, до март 2025 година.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите