-->
-->
Министрите за надворешни работи од Г7 во Германија ќе разговараат за Украина
-->
Министрите за надворешни работи од групата Г7 денеска ќе имаат средба во Германија со цел да разговараат за најдобрите мерки за поддршка на Киев, по неодамнешните руски напади на енергетската инфраструктура на Украина, што предизвикаа прекини на струјата во земјата.
Фокусот на дискусијата на дводневниот самит на министрите во Минстер, покрај војната во Украина, ќе биде и на улогата на Кина на глобалната политичка сцена, како и на протестите во Иран.
– Овој министерски состанок на Г7 за нас доаѓа во важен момент, изјави висок претставник од Стејт департментот. Тој додаде дека групата била „витален механизам за координација на политичкиот пристап кон најитните прашања“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
