Министрите од Г-20 не успеаја да се договорат за поамбициозни климатски цели
– Министрите од Г-20 одговорни за климата, енергетиката и животната средина на состанокот во Неапол не успеаја да се договорат за поамбициозни цели во спроведувањето на Парискиот договор.
– Неколку земји во заедничката завршна декларација не сакаа да прифатат обврска за задржување на глобалното затоплување под 1,5 Целзиусови степени, рече италијанскиот министер за животна средина Роберто Чинголани по состанокот.
Наместо тоа, земјите се обврзаа само на претходната цел на Парискиот договор да го задржат глобалното затоплување далеку под два степена и да продолжат со напорите за негово намалување на 1,5 степени, се наведува во декларацијата. Земјата веќе се загреа за околу 1,2 степени во споредба со прединдустриските времиња, со фатални последици од климата. Во зависност од регионот, се забележуваат посериозни настани поврзани со климата, вклучително жештина, суша, обилни дождови, бури и поплави. Дводневниот состанок беше подготовка на самитот на Г-20 што треба да се одржи во Рим кон крајот на октомври. Групата од 20 економски моќни земји има членки на сите континенти и ги вклучува САД, Кина, Русија и Германија.
Шефицата на ОН за климатски работи, Патриша Еспиноза предупреди дека Г-20 е одговорна за 80 проценти од сите глобални емисии. Таа ги повика земјите на глобалната конференција за климатизација, закажана за ноември во Глазгов, да покажат одлучност да го спречат затоплувањето. Претходно, министерот Чинголани рече дека „најбогатите земји-членки на Г-20 првпат во историјата ја препознаа врската помеѓу климатските промени, животната средина, енергијата и сиромаштијата“.
Ново на Сител
-
Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување
-
Сопственици на над 20 фиктивни компании уапсени во голема антикорупциска операција во Србија
-
Адвокатот на Видевски бара ослободителна пресуда, тврди дека обвинението не е докажано
-
Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги
-
И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција
-
МЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани
-
Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски