Министрите Јолевски и Стропницки во посета на безбедносните сили на македонско-грчката граница

Министрите за одбрана на Македонија и на Чешка, Зоран Јолевски и Мартин Стропницки, денеска во Гевгелија ги посетија безбедносните сили на двете држави кои заеднички се распоредени на четири точки за да ја обезбедуваат македонско - грчката граница од евентуален нов бегалски бран.
Јолевски и Стропницки беа и во обиколка на ПТЦ Гевгелија и граничниот камен 59.
- Како армија сме целосно подготвени за сите можни сценарија.Имаме развиено планови и логистички сме подготвени да одговориме соодветно доколку се зголеми бројот на мигранти на нашата граница, нагласи Јолевски и потенцира дека тоа ќе зависи од имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција.
Јолевски додаде дека како сериозна држава треба да бидеме подготвени за секакво сценарио и оти во моментот никој не може да каже како понатаму ќе се развива и тече бегалската криза.
Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки е согласен дека заедничката соработка на ова поле треба да продолжи и да се продлабочува во иднина и покрај тоа што до пролет, подвлече, не очекува драматичен пресврт околу бегалската криза.
- Тука сум затоа што сметам дека и ние треба да и помогнеме на Македонија со потребни материјални средства и човечки ресурси.Не е коректно ниту пак праведно Македонија да биде оставена сама во оваа тешка состојба во која се најде од другите членови,истакна Стропницки
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
