Министрите Јолевски и Попоски на ифтар во Дебар

Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Јолевски и Никола Попоски синоќа присуствуваа на Рамазански ифтар во Дебар.
Искажувајќи задоволство што се наоѓа во Дебар, познат по вековниот соживот и верска толеранција, министерот Јолевски на вериците од исламска релгигија им го честиташе светиот месец на постот Рамазан.
- Ви упатува искрени честитки по повод Светиот месец на постот-Рамазан со желби за благосовен и лесен пост. Бог да ги ислуша и прими вашите молитви. Добар верник е добар човек, независно на која религија припаѓа. Кога бев дете татко ми ме носеше на ифтар кај негов пријател, а и јас кога бев во САД со синот одевме на ифтар кај познатата дебарска фамилија Руси. Посакувам здравје, среќа, благосостојба, продолжување на традицијата на соживот, меѓусебно почитување и разбирање, порача меѓу другото Јолевски.
На ифтар вечерата присуствуваа дебарскиот муфтија хаџи Рамазан ефенди Хаса, пратниците Фатмир Имероски, Алим Билали и Сашо Василевски, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди, имами, претставници на општество-политичкиот живот и бизнис сектор од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.
Присутните граѓани, од сите етнички заедници кои живеат во трите општини искажаа големо задоволство од ваквите средби.
- Нашиот поширок регион е познат по вековниот соживот и верската толеранција. Она што ни го оставиле нашите дедовци и прадедовци, го чуваме и негуваме како нешто свето и тоа го пренесуваме на помладите генерации, вели Васил Ангеловски.
Неговото мислење го делат и останатите присутни на ифтарот, убедени дека соживотот и верската толеранција по кои е препознатлив овој град ќе продолжи и понатаму.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
