-->
-->
Министерството за правда подготвува нов Закон за обвинителство
-->

Министерството за правда потврди дека подготвува нов Закон за обвинителство што наскоро ќе биде поднесен и во парламентот. Тоа е трет обид на министерството да донесе нов Закон во обвинителската сфера со кој ќе се реши и статусот на досегашното специјално обивнителство.
Како што потврдуваат од министерството за правда со законското решение се предвидува надлежностите на СЈО да ги преземе обвинителството за организиран криминал што сега го води Вилма Рускоска. Ова обвинителство ќе биде надлежно и за гонење на висок профил на корупција.
Обвинителите од СЈО да продолжат да постапуваат по предметите што ги работеле. Освен судските предмети, се презмеаат и истрагите и предистражните постпаки. Бомбите пак, ќе ги чува државното обвинителство. Ќе бидат уништени три години откако ќе завршат судските постпаки во кои биле користени.
Иако од министерството за правда велат дека се надеваат на 2/3 мнозинство во Собранието за да биде донесен Законот, консултации со опозицијата засега нема.
„Точно е дека се подготвува нов Закон за обвинителство за кој во моментот се врши консултации со коалициските партнери. По затворањето на текстот, ќе информираме за следните чекори“, велат од правда.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
-

Возила на пазарна скапуваат по депоата на „Пајак“ оти Инспекторатот нема паркинг
-

Расте кредитирањето од небанкарски финансиски институции
