Министерството за правда основа 18 професионални одделенија на Комората за вештаци

Министерството за правда соопшти дека ги основа првите професионални одделенија на Комората за вештаци со што после долги години ќе се решат проблемите кои беа настанати заради нефункционалноста на Комората.
- Со донесување на новиот Закон за вештачење, обврска на Министерството за правда е да ги избере раководителите и замениците раководители на професионалните одделенија и по еден член од секое одделение како претставник во Основачкото Собрание на Комората. За таа цел, министерот за правда Кренар Лога основаше18 професионални одделенија кои ќе треба да го подобрат квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредување на стручноста, следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Согласно Законот за вештачење, како што информираат од Министерството за правда, основани се професионални одделенија за вештачење од областа на архитектурата, криминалистиката и криминологијата, геодезијата, градежништвото, електротехниката, земјоделството, информатичките технологии, материјалното, сметководственото и финасиското работење, машинството, психијатиријата, шумарството, општата хирургија, ортопедијата и трауматологијата, сообраќајот, судската медицина, интелектуалната сопственост, безбедноста и здравјето при работа и професионалното одделение од областа на други области.
Ново на Сител
-

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп
-

Премиерот Мицкоски во Штип, АКТИВА ги проширува капацитетите
-

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство
-

Претежно облачно со слаб локален дожд
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
