-->
-->
Министерството за финансии врати долг кон Дојче Банк од 77,3 милиони евра
-->
Министерството за финансии (МФ) денеска во целост го отплати заемот кон Дојче банк од 2012 година во висина од 77,3 милиони евра. Заемот беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.
Овој износ е скоро три пати поголем од вчерашното задолжување на Министерството за финансии на домашниот пазар, кое беше со просечна стапка од 2,25, соопшти Министерството за финансии.
Со оваа исплата, јавниот долг, како процент од БДП, ќе се намали за 0,7 процентни поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции