Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалните игри на среќа на интернет од странски приредувачи
Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалното приредување игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет на територијата на државава.
Владата на денешната седница разгледала и усвоила Информација во врска со справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет игри на среќа на територијата на државава
-На седницата Владата го задолжи Министерството за финансии да достави информација со предлог решенија како да се спречи одлевањето на паричните средства по основ на противзакско учество на македонските граѓани во странските интернет игри на среќа, како да се спречи пристапот на македонските граѓани до интернет страните на кои се организираат игри на среќа од правни субјекти кои немаат соодветна лиценца согласно Законот и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен