Бизнис
13. July 2017 - 19:55

Министерството за финансии ја презема иницијативата за воведување ПејПал во Македонија

Ќе влезе ли Пејпал целосно во Македонија ?

Министерството за финансии ја презеде во свои раце иницијативата за целосен влез на сервисот . Надлежните  ќе преговараат  да се воведе  и  услугата преку која граѓаните и фирмите ќе можат и да примаат пари од странство . Засега единствено можат да отворат пејпал сметка  и да плаќаат надвор од змејава но не и да примаат уплати и да префрлаат пари едни на други на нивните сметки. Поради ова ретко го користат овој инструмент кој важи за најсигурен за плаќање.

Иницијативата беше поднесена од  група од над 1100 граѓани и фирми  . Од финансии сеуште не можат да откријат кога ќе се знае исходот од преговорите.

Со регистрирање на ПејПал сметка можете да купувате онлајн на милиони веб страни. Доколку се појави некој проблем, производот не пристигне или не одговара на она што било понудено на веб страната Пејпал има дополнително осигурување дека парите ќе ви бидат надоместени.

Според познавачите  со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазари и да вршат прием на плаќања. Ќе се зголеми извозот преку продажбата на  домашните производи кои ќе станат поатрактивни, а ќе може да се продава дури и преку електронски пораки.

Пред три години Пејпал објави дека стануваат достапни за над 200 држави во светот меѓу кои и Македонија. Уште тогаш беше кажано дека ќе биде пуштена само услугата “ испарати пари” односно корисниците само можат да купуваат од онлајн продавници кои се верификувани од ПејПал.