Министерство за здравство: Деструктивноста и лагите на СДСМ продолжуваат

СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравството кое го остави без опрема или со опрема за во антикварница. И понатаму, како и во времето од 2002 – 2006 година одработува за веледрогериите. Партијата што опстанува со креирање кризи, креира и замислени кризи. Измислува и намерно лаже кога вели дека нема инсулин. Измислува и лаже дека нема вакцина БСЖ на Клиника за гинекологија. Инсулин има, има и вакцина БСЖ.
Вака реагира Министерството за здравство (МЗ) по денешната изјава на Дејан Гацов од СДСМ.
СДСМ, додава МЗ, остави систем во кој за зрачна терапија се чекаше една година или пациентите одеа во Грција, систем со прескапи лекови и со, како што наведува, огромни заработки за нивните пријатели од веледрогериите, систем во кој човечиња по ходници продаваа стентови, систем во кој инвестираа нула денари во здравствена инфраструктура, систем со скапани лади за брза помош и скапи ѓердани.
- СДСМ нека продолжи со својата деструктивна политика, а ние ќе продолжиме со набавка на опрема, изградба и реконструкција на болници, намалување на цени на лекови, набавка на нови амбулантни возила, унапредување на Државната и Детската кардиохирургија, и се она што е потребно за подобро здравство и подобра здравствена услуга за пациентите во Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
