Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
Ако Дамева не поднесеше оставка, ќе требаше кривично да одговара.. Ова е ставот на Државниот секретар во Министерството за правда по оставката на претседателката на Судскиот совет.. Според Дајанчо Ефремов, Дамева направила добар потег, бидејќи продолжување на мандатот заради разрешување, бил незаконски чекор.. Неотповикливата оставка, вели е политички фолклор..
„Потегот кој го направи е добар во насока дека конечно се одважија да истите бидат пример дека сите оние кои се инволвирани и во највисоките судски инстанци и правосудниот систем ќе сносат одговорност доколку не постапуваат согласно позитивните законски прописи, односно, истата ако постапуваше со темпото, односно динамиката која што сакаше да ја воспостави врз основа на заклучок од колегиум да го продолжи мандатот, истата ќе навлезеше во прекршување на позитивните законски прописи конкретно на кривичниот законик членот 353 со тоа што истата ќе правеше кривично дело и за што истата ќе имаше индивидуална одговорност“, изјави Дајанчо Ефремов, Државен Секретар во Министерство за правда.
Во опозициската СДСМ сметаат дека оставката на првиот човек на Судски е заради притисок од власта.. Велат, сака да го партизира судството..
„Притисокот врз Судскиот совет е дел од широка стратегија на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судствотото. Процес којшто е дури и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски.
Заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем и тоа носи долгорочни последици и за правниот систем и за демократијата“, изјави Богданка Кузевска, Портпарол на СДСМ.
Оставката на Дамева се поклопи со денот кој Мицкоски го посочи како старт на робусната акција за справување со состојбите во правосудството.. Таа како причина да замине од функцијата ги посочи Мицкоски и политичари од актуелната власт заради нивните негативни ставови и најавите за распуштање на Судскиот совет..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар