Министерство за култура: Кривична пријава за Алаѓозовски за изнесените лаги
Министерството за култура најави дека ќе поднесе кривична пријава и тужба за граѓанска одговорност против претседателот на Комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски кој денеска на прес-конференција обвини дека ова Министерството сака да уништи архивски материјали.
- Министерството за култура ќе поднесе кривична пријава и тужба за граѓанска одговорност против Роберт Алаѓозовски кој на денешната прес-конференција изнесе бројни лаги и невистини и го наруши угледот на самата институција. Дописот кој Алаѓозовски го презентираше во јавноста, кој патем е незаконски стекнат, претставува законска обврска на Секторот за општи работи при комуникацијата со останатите сектори во Министерството, предвидена согласно Законот за архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документираниот материјал во канцелариското и архивското работење, се вели во реакцијата на Министерството за култура.
За оваа, како што велат оттаму, изнесена лага и невистина, покрај кривичната пријава и тужбата од страна на Министерството, соодветна тужба ќе поднесе и лично министерот за култура.
Ново на Сител
-
Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси
-
Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево
-
Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција
-
Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона