Министерство за финансии: Плаќањето на ДДВ за онлајн пратки до 22 евра нема да падне на товар на граѓаните

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, посочуваат од Министерството за финансии (МФ).
-Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно, колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи во одредени периоди, ќе се пренасочат кон домашното стопанство.
Овие средства ќе помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените, порачуваат од Министерството.
Оваа измена, како што нагласуваат, претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија.
-Дополнително, новиот модел ќе придонесе за намалување на сивата економија. Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина, појаснуваат од МФ.
Информираат дека трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи, а мерката ќе обезбеди фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници.
Според МФ, со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
