Министерот за внатрешни е против Закон за амнестија
Министерот за внатрешни работи смета дека непотребно е донесувањето на законот за амнестија. Неговата примена, според Спасовски, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија.
„Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да имаме никави ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места итн или да се намали притисокот на КПУ. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетие на затворските институции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.
Дополнителен проблем, според првиот човек на МВР е што амнестираните, многу често, некогаш дури и по само неколку часови откако ја напуштиле затворската ќелија, прават ново кривично дело.
„Ние секогаш укажуваме на тоа дека оние лица кои сториле кривични дела, пред се разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште терет за безбедноснта состојба или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија, ќе видите дека најголем дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела и со кои ние секојдневно се соочуваме. Ова е моето видување, а собранието е тоа што понатаму ќе одлучува“, вели Спасовски.
Законот за амнестија подготвен од Министерството за правда, пред пратениците е предвидено да се најде за десетина дена. Опозицијата се противи на неговото донесување и најави бројни амандмани. Власта пак со амандман ќе спречува од затвор да излезат и помагачи на тешки кривични дела. Премиерот Ковачевски најави дека во собраниска процедура ќе побараат амнестијата да не важи за лица со чија помош се извршени убиства, тероризам или силувања, откако се дозна дека на слобода ќе излезат и осудени за случајот „Монструм“.
Потписник на предлогот за амнестија е министерот Лога, кој пресметал дека со донесување на законот, слобода ќе добијат над илјада затвореници.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар