Македонија
19. February 2016 - 16:59

Министерот за образование утврдуваше како се одвива реконструцијата на училишните објекти во Тетовско

Основното училиште Братство Мигени е едно од 13 училишни објекти кои се реконструираат во соработка на надлежносто министерството и општина Тетово.  Сите простории во овој објект добија нови подови, а ќе се реконструираат тоалети. 
 
Во текот на годината ќе продолжат напорите на  институциите за градење на нови простории за наставата по македонски јазик во гимназијата. 
 
Министерството учествуваше со 2 милиони и 200 илјади евра во реконструкцијата на тетовските училишта.