Министерот за култура Исмаили не чувствува одговорност за дивеењето во МНТ
Министерот за култура Хусни Исмили под чија надлежност е МНТ, не чувствува одговорност за вандалското однесување на на навивачката група „ Шверцери“, во театарот. За виновници ги посочи организаторите и директорката на театарот.
Директорката на МНТ Симона Угриновска вели дека дококу се утврди одговорност кај неа ќе си поднесе оставка.
И покрај бурните реакции во јавноста, ниту еден од министрите од ДУИ не го осуди настанот. Исто реагираше и пратеникот Артан Груби кој пак не ни одговори дали чувствува одговорност како организатор.
Зошто министрите Албанци од владата не реагирале, не сакаше да коментира ниту премиерот Зоран Заев, кој реши прво да го почека извештајот.
Одговорност бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од МВР ги отфрлија ваквите обвинувања и велат дека полиција имало околу објектот, но додека се одржувал вториот настан, а кој воопшто и не бил најавен, никој од внатре не пријавил дека има нарушување на јавниот ред и мир.
-
Елена Милошовска
Сите содржини од овој новинар