Македонија
14. September 2017 - 16:42

Министерот Сугарески се сретна со црногорскиот амбасадор Митровиќ

Mинистерот за транспорт и врски  Горан Сугарески денеска имаше работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

На средбата, како што соопшти Mинистерството за транспорт и врски, се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Министерот Сугарески го запозна амбасадорот Митровиќ со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава, како и со реформите што се спроведуваат во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

- На средбата разговаравме на теми што се однесуваат на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи, се вели во соопштението од Mинистерството за транспорт и врски.