Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза, соопштуваат од Министерството за спорт.
Во соопштението стои дека министерот Ристoвски ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите светски тенисерки, нагласувајќи дека нејзиниот настап претставува момент на гордост за целата држава.
– Лина, да знаеш дека цела Македонија и сите нѐ направи многу горди и среќни. Ова што го направи е историски успех и доказ дека македонскиот спорт има луѓе кои можат да се натпреваруваат на најголемата светска сцена – истакна Ристoвски.
Ѓорческа се заблагодари за поддршката, потенцирајќи дека настапот на Вимблдон претставува остварување на еден долгогодишен сон, но и дополнителен мотив за нови успеси во кариерата.
За време на средбата беше разговарано и за идните планови на Ѓорческа, како и за потребата од системска поддршка на индивидуалните спортови и создавање услови младите македонски спортисти да имаат можност да се развиваат и да настапуваат на највисоко светско ниво.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
