Министерот Османи ќе учествува на Дубровник форум 2023
По интензивната агенда во Виена во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува со работна посета на Република Хрватска, каде што ќе учествува на Дубровник форум 2023.
Агендата на форумот почна вечерва со настан организиран од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ додека во текот на утрешниот ден Османи ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”, соопшти Министерството за надворешни работи.
На маргини на учеството на форумот, министерот ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел, со Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мизорјан.
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
