Колкава е опасноста покажа и министерот за земјоделство Мајкл Пинтар. Од својата куќа објави снимка на која се гледа као водата ја опкружила куќата.
Мебелот веќе плива во вода, а брановите кои достигнуваат до 6 метри удираат во прозорците навестувајќи уште поголема непогода.
Ураганот Доријан моментално се наоѓа над Бахамите и се очекува во тоа подрачје да се задржи и денеска пред да почне полека да се приближува кон американскиот источен брег, каде почнаа првите евакуации.
Ураганот моментално е проследен со ветрови со јачина од 249 километри на час, а ослабна во категорија четири, но ќе биде многу силен и во наредните неколку денови.