Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се одржува од 11 до 13 април 2025 година во Анталија, Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и во организација на Министерството за надворешни работи на Турција.
Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе се обрати на панел-дискусијата на тема: „Regional Ownership for a Prosperous Future in the Balkans“, а ќе оствари и бројни билатерални средби со негови колеги – министри за надворешни работи.
Во ера на зголемена нестабилност и непредвидливост, обележана со комплексни предизвици и повеќекратни кризи, Анталија Дипломатскиот Форум има за цел да ги анализира системските предизвици со кои се соочува мултилатералниот поредок и да поттикне конструктивен дијалог за враќање на дипломатијата во брзо менувачката меѓународна средина.
Согласно најавите, Форумот ќе собере глобални лидери, креатори на политики, академици, бизнис експерти, како и претставници на медиумите и граѓанското општество, со цел размена на мислења за тоа како дипломатијата може да придонесе кон заедничка акција и одговор на глобалните предизвици во фрагментираниот свет.
Ново на Сител
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром