Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО
Во пресрет на претстојниот Самит на лидери на НАТО закажан за 24 и 25 јуни, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска и утре престојува во Брисел каде ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО.
Утрешниот министерски состанок е продолжение на подготовките за Самитот на НАТО и на истиот е предвидено да се разговара за новите Цели на способност во насока на зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарно одвраќање.
Попладнево министерот Мисајловски ќе учествува на 28от состанок на Контакт групата за Украина, кој се одржува во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија