Министерот Лесин, кој е пронајден мртов, се здобил со прелом на подјазичната коска
Поранешниот руски министер за масовно информирање, Михаил Лесин, кој во 2015 година беше пронајден мртов во хотел во Вашингтон, имал прелом на подјазичната коска, соопшти денеска „Радио Слободна Европа”, повикувајќи се на извештај од судска медицинска експертиза, побарана од медиумот по одлука на Судот.
Според деталите од извештајот, преломот на подјазичната коска можеби е здобиен за време на аутопсијата на телото.
РСЕ наведува дека вакви преломи обично се здобиваат и како резултат на гушење. Смртта на Лесин беше окарактеризирана како несреќен случај поради пад и силен удар во глава во алкохолизирана состојба.
Радиото го цитира Антон, син на покојниот министер за медиуми, кој им потврдил на истражителите дека татко му често користел алкохол.
Федералното биро за истраги (ФБИ) на почетокот на 2018 година соопшти низа детали за случајот. Според официјалната верзија, смртта настапила како последица на срцев удар по што се случил пад и силен удар во глава здобиени како резултат на несреќен случај, бидејќи Лесин била во алкохолизирана состојба.
Се додава дека истражителите ги проучиле снимките од видео камерите на хотелот „Дупон Сркл” каде Лесин престојувал и заклучиле дека во момент на смртта тој бил сам.
Новинарското истражување на РСЕ имплицира дека смртта на Лесин, некогашен влијателен советник за медиуми на претседателот Владимир Путин, можеби е убиство нарачано од Москва поради неговите наводни контакти со американското Министерство за правда и намерата да предаде доверливи документи.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан
-
Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето
-
Сончево, попладне пороен дожд и грмежи
-
АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски