Македонија
23. March 2016 - 8:29

Министерот Изаири и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ ќе потпишат договор за финансирање проекти

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска ќе потпишат договор за финансирање на проектите: „Утврдување на реалниот потенцијал за реализација на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот во општините Кичево и Кавадарци“ и „Спроведување на методологијата и оперативните активности при процесот за реализација на иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк“.

Во рамки на настанот ќе се одржи и тркалезна маса на тема  „Мерење на квалитетот на воздухот“ и презентација на проектот за валоризација на вредностите и прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Најавено е присуство на градоначалниците на Тетово и на Кавадарци, Теута Арифи и Александар Панов.