Македонија
7. April 2016 - 14:00

Министерот Џафери се сретна со заменикот јавен обвинител Ферат Елези

Министерот за правда Валдет Џафери денеска имаше средба со заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Македонија, Ферат Елези.

- Средбата е важна и поради фактот што со измената на Правилникот на Јавното обвинителство на Република Македонија за прв пат, од основањето на ова обвинителство  во 1945 година е предвидена  функцијата заменик обвинител каде што Ферат Елези ја имаше честа да биде првиот заменик обвинител на ЈОРМ, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Џафери  и Елези разговарале за соработката меѓу двете  институции, како и за активностите кои треба да се реализираат во иднина.

Министерот Џафери му ја честитал новата функција на заменик обвинителот Елези, посакувајќи му успешна работа и заедничка понатамошна соработка.