Министерот Џафери се сретна со експерти од правниот сектор на САД

Министерот за правда Валдет Џафери, денеска оствари средба со претставници од Секторот за правда на САД, Кетрин Њукомб, Ерик Трини и Дана Мулхаусер и со претставници од американската Амбасада, Леви Смили и Адриан Исмаили, кои престојуваат во Република Македонија по повод одржувањето на Конференцијата за заштита на верските слободи и спречување на дискриминацијата и на насилството.
Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата информирал за преземените чекори од Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата.
На средбата, Џафери ги известил претставниците на Министерството за правда на САД за работната група која е оформена во рамките на Министерството за правда со претставници од различни институции.
Министерот за правда изразил подготвеност за соработка и помош која доаѓа од страна на САД во насока на размена на искуствата од ова област но и од други сфери од правосудството.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
