Министерот Димитров се сретна со египетската амбасадорка Ел Шинави
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Арапската Република Египет во Република Македонија со седиште во Софија, Манал Јехиа Ел Шинави.
Министерот Димитров, како што соопшти МНР, изразил благодарност и признание за придонесот на амбасадорката во унапредувањето на билатералните односи за време на нејзиниот мандат во Македонија.
Димитров истакнал дека негувањето на политичкиот дијалог и развивањето на севкупната соработка со Египет е од интерес за Република Македонија. Во таа насока на средбата се разменети мислења околу можностите за натамошно унапредување на односите, заокружување на започнатите и отворање нови иницијативи за соработка.
Амбасадорката ги поздравила активностите што Македонија ги презема на надворешно-политички план и изразила уверување дека египетско-македонските односи ќе бидат успешни и во иднина. Таа изразила благодарност за досегашната одлична соработка со институциите на Република Македонија, особено со Министерството за надворешни работи.
Двајцата соговорници разговарале и за актуелните светски безбедносни предизвици, борбата против тероризмот и нелегалната миграција, како и за заедничките партнерски заложби за нивно успешно справување.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи