Македонија
13. јуни 2017 - 14:44

Министерот Адеми се сретна со Божиновска-Петрушевска од ИОМ

Продлабочувањето на соработката на национално и регионално ниво со цел што повеќе да  се развиваат и зајакнуваат односите на Република Макдонија со дијаспората преку веќе воспоставените меѓународни практики беше тема на разговор на денешната работна средба на министерот за дијаспората Едмонд Адеми со Соња Божиновска-Петрушевска, шефицата на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции ИОМ. 

На средбата, информираат од Кабинетот на Адеми,  министерот изразил благодарност до ИОМ за целокупните ангажмани и заложби кои ги презема во Република Македонија.

Божиновска-Петрушевска, пак, истакнала задоволство од чекорите што новата Влада ги презема за дијаспората.