Министерот Адеми на средби со македонската дијаспора во Шведска

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до 21 април ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска, каде во Гетеборг ќе учествува на Изборното Собрание на Македонскиот сојуз во Шведска, едно од најголемите здруженија на Македонците во оваа земја.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Адеми ќе има средба и со друштвото на Македонците “Кочо Рацин“ во градот Борос, како и со други друштва по потекло од Македонија, кои дејствуваат во Шведска. Предвидено е Адеми да оствари средба и со претседателката на Градскиот Совет на Гетеборг, Лена Малм.
- Во фокусот на средбите со дијаспората и со локалните претставници на Шведска, ќе стане збор и за новиот пристап на Владата на Република Македонија кон дијаспората и нивно институционално поврзување со матичната земја, како и размената на искуства во однос на странските инвестиции и зајакнување на економскиот сегмент за поврзување со Македонија. Меѓу другото, министерот Адеми, соговорниците ќе ги информира и за политичките состојби во државата, активностите за членството на НАТО и ЕУ интеграциите, како и размена на мислења за регионалната соработка и други актуелни прашања., стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата
-

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-

Муцунски: Наша цел како Влада е не само државата да ги почне преговорите, туку и да ги заврши доколку се спроведат реформите
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
