Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и академската заедница.
Министерката на отворањето ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици на светската економија и значењето на градењето силни и отпорни економски врски.
Утре Димитриеска-Кочоска ќе се обрати на панел-дискусијата „Нови текови на глобалните финансии: нова рамнотежа, дигитални валути и економски партнерства“, посветена на иднината на финансиските системи, растечката улога на дигиталните валути и развојот на економски партнерства помеѓу државите.
- Фокусот на Самитот е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка помеѓу државите и развој на нови партнерства. На него ќе се дискутира за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и за улогата на образованието во привлекувањето странски инвестиции. Учеството на министерката ќе овозможи размена на искуства со водечките економски и политички чинители на глобално ниво, наведува Министерството за финансии.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
