Министерката Шекеринска во посета на Словенија

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со делегација од Министерството, утре и задутре ќе престојува во Република Словенија, на покана на нејзината словенечка колешка Андреја Катич.
Во рамки на посетата, Шекеринска ќе има средби и со претседателот на Словенија, Борут Пахор и потпретседателот на словенечката Влада, Дејан Жидан, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Утре министерката Шекеринска ќе учествува и на Бледскиот стратегиски форум, водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа која привлекува голем број шефови на држави и влади, министри, дипломати. На Бледскиот форум, најавува МО, ќе учествуваат и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
На првиот ден од посетата на Словенија, министерката Катич организира и работна вечера во чест на министерката Шекеринска и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.
На вториот ден од посетата на Словенија министерката ќе се сретне со претседателот и членовите на Одборот за одбрана во словенечкиот Државен збор, а ќе ја посети и касарната Церкље, каде припадници на Армијата на Република Македонија во моментов посетуваат теоретска и практична обука за противвоздушна одбрана со лесниот преносен ракетен систем, наведуваат од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
