Министерката Шекеринска во посета на Албанија
Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Албанија.
Шекеринска ќе се сретне со албанската министерка за одбрана Мими Кодели по што, македонската делегација во која е и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Мухамет Рацај, ќе има официјални разговори со делегацијата од албанското Министерство за одбрана.
Министерката Шекеринска ќе го посети и баталјонот на специјалните сили на албанските вооружени сили во Тирана, каде ќе биде изведена и показна вежба.
Македонија и Албанија во областа на одбраната соработуваат од 1998 година кога беше потпишана и Спогодбата за билатерална соработка. Од 2004-та на годишно ниво се потпишуваат и планови за билатерална соработка кои вклучуваат поголем број заеднички активности во двете земји.
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква